ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди нашата теза дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, излегоа со кадар на Заев - Каја Шукова
- Се потврди фактот дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија.

18 јули 2025
СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
Се потврди фактот дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија.
СДС тонат се подлабоко во својот бунар без дно, сите кандидати или им се претседатели на општински организации кои мораат да излезат и да изгубат во своите општини или пак поранешни кадри на Заев.
Со ова дефинитивно се потврдува дека СДС немаат кадри, ниту пак некој сака да им се нафати да изгуби. Во Скопје ќе одат со кадар на Заев, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.
Истата Каја Шукова ќе им ветува на Скопјани чист воздух и чиста околина, а додека беше министерка за животна средина со прст не мрдна за подобрување на аерозагадувањето.
Шукова и останатите кандидати на СДС се прочитана приказна.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ВМРО-ДПМНЕ