• четврток, 04 декември 2025

Костовски: Радишани доби нов модерен парк

Костовски: Радишани доби нов модерен парк

13 октомври 2025

Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче, се наведува во соопштението од изјавата на Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. 

Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.

Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.

Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме, мисла.

Нека е аирлија! 

Линк од видео материјал: 

 https://youtube.com/shorts/A7oBNWl0W7E

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан