• среда, 15 мај 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди дека ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените

ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди дека ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените

Скопје, 15 февруари 2024 

Се потврдија ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Ретко кога сме изненадени, но не очекувавме дека за толку брзо ќе излезе вистината на виделина, и да се добие потврда за ставовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека ЈСП е бунар без дно, и дека покрај изгласаните 700 милиони денари субвенции Арсовска уште не исплаќа плати за вработените на ЈСП. 

Очекуваме да излезе Арсовска и да каже зошто нема плата, како што воодушевено и полетно излезе кога организираше протести пред советот против ВМРО-ДПМНЕ и кажуваше пред вработените, смеејќи и покажувајќи лажен триумфализам преку оградите, дека го спасила ЈСП. 

Исто така не очекуваме ништо ниту СДС, Левица и ДУИ кои срдечно ги поддржаа седумстотини милиони денари субвенции, и во исто време водеа хајка против ВМРО-ДПМНЕ и градеа среќа и профитираа врз туѓата несреќа. 

Тонат како брод среде отворено море. 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан