• понеделник, 22 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не е над законот, секој кој се огрешил ќе одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не е над законот, секој кој се огрешил ќе одговара

Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - СДС треба на се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите. Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое е реакција на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ кое МИА го објавува во интегрална форма.

Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДС во опозиција.

Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДС.

Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок.

Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок.

Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба.

Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДС и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан