• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На претседателот на Советот на Град Скопје му беше оневозможено да работи согласно Деловникот

ВМРО-ДПМНЕ: На претседателот на Советот на Град Скопје му беше оневозможено да работи согласно Деловникот

Скопје, 19 октомври 2022 (МИА)На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Славески, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, нагласил дека копчето со кое се регулира дискусијата му е дадено на претседателот на Советот за да може да ја води седницата и дас пречи доколку од говорницата се изнесуваат навреди врз етничка, национална или лична основа. 

- Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин. Јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница, истакнал Славески.  

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека на денешната седница на Советот на Град Скопје не му било овозможено на претседателот на Советот да работи согласно Деловникот.

- Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеа служби на Градот. Заменикот на Арсовска, советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. см/бак/

 

Остани поврзан