• четврток, 04 декември 2025

ВРЕДИ: Еден глас за победата на 2 ноември!

ВРЕДИ: Еден глас за победата на 2 ноември!

Скопје, 31 октомври 2025

Победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас, гласот што избра надеж и работа наместо измама, се наведува во соопштението на ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално. 

Од тој ден, духот на промените расте секојдневно од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга до Студеничани и сè до Долнени. На 2 ноември, Албанците ќе го затворат ова поглавје со гордост, запечатувајќи со своите гласови вербата дека оваа земја може да се води поинаку, со работа и одговорност.

Во Тетово, Билал Касами е пример за лидерство кое има мисија за својата работа. Во Боговиње, архитектот Фети Абази ги поставува темелите на нова политика. Во Брвеница, Хаќим Рамадани ги освојува срцата на луѓето со едноставност и чесност. Во Дебар, Фисник Мела го носи духот на граѓанството и политиката со карактер. Во Струга, Менди Ќира го обединува градот со смиреност и доверба. Во Студеничане, Азем Садику отелотворува искуство, доверба и блискост со луѓето. Во Долнени, Блерим Ислами ги инспирира младите луѓе дека времето на можности и надеж е сега.
Ова е новиот бран што ги обединува Албанците низ целата земја.
Албанците го кажаа својот збор и тој збор ВРЕДИ.

И на 2 ноември, тој ќе ќе се слушне погласно од кога било.
Глас што ВРЕДИ за број 7.

ВРЕДИ

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан