• недела, 22 декември 2024

Влада: Продолжуваат активностите за финализирање на подготовката на Реформската агенда 2024-2027

Влада: Продолжуваат активностите за финализирање на подготовката на Реформската агенда 2024-2027

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Владата на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата од Секретаријатот за европски прашања, за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

-Задолжени се првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за финансии, веднаш по финализирањето на верзијата на Реформската агенда, да ја достават до Европската комисија, со цел продолжување на дискусиите и финализирање на истата, информираат од владината прес-служба.

Согласно договореното со Европската комисија, владите на секоја земја од регионот ќе треба да усвојат и да усогласат со Европската Унија - Реформска агенда, којашто ќе претставува сеопфатен и кохерентен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, а плаќањата ќе бидат условени со реализација на квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за периодот од 2024-2027 година.вј/нд/

Фото: Влада

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан