• петок, 22 ноември 2024

Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Владата денеска донесе одлуки со кои  се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа.

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување,  соопшти владината прес-служба, Владата  ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

- Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје се задолжува да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, информира Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски пред одржувањето на владината седница рече дека лиценците за онлајн казината се незаконски и со нивно одземање ќе се реализира предизборното ветување. 

- Денеска на седница на Влада се  одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени,  изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.лв/цр/

 

Остани поврзан