• петок, 05 декември 2025

Вкупно 570 овоштари пријавиле штети од пролетни ниски температури во Росоман, околу 160 во Демир Капија, а 76 во Кавадарци 

Вкупно 570 овоштари пријавиле штети од пролетни ниски температури во Росоман, околу 160 во Демир Капија, а 76 во Кавадарци 

Росоман, 1 мај 2025 (МИА) - Вкупно 570 овоштари пријавиле штети од пролетни ниски утрински температури во Росоман, околу 160 во Демир Капија, а 76 во Кавадарци, потврдија попладнево за МИА претставници на трите општини, кои формираа комисии за проценки на штети и заврши пријавувањето на штети од страна на оштетените овоштари. 

Во тек е пријавувањето во општина Неготино на штети на земјоделски насади предизвикани од природни непогоди - мраз. 

- Општина Неготино ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода-пролетен мраз,која ја зафати територијата на Општина Неготино  во периодот од шести до осми април, да пријават штета со поднесување на барања за надомест на штета од природни непогоди во земјоделството, се вели во јавниот повик до неготинските земјоделци. 

Пријавувањето на штети е до шести мај. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан