• вторник, 13 август 2024

Вкупно 39 медали за Македонската традиционална теквондо федерација на „Гран при Зворник 2023“

Вкупно 39 медали за Македонската традиционална теквондо федерација на „Гран при Зворник 2023“

Охрид, 30 мај 2023 (МИА) - Вкупно 39 медали од кои 10 златни, осум сребрени и 21 бронзен освоија членовите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на Меѓународниот таеквон-до ИТФ А класа натпревар „ГРАН ПРИ Зворник 2023“ што се подржа во БиХ.

Претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски информира дека учествувале со 33 натпреварувачи, двајца судии, шестмина тренери и три официјални лица. Натпреварувачите биле од таеквон-до ИТФ клубовите „СОНКАЛ“ од Мислешево Струга, „ЧОНЏИ“ од Косел „МАСТЕР“ од Охрид, „АХИЛИУС“ од Скопје и „ХВА РАНГ“ од Лескоец Охрид.

- Пријатно сум изненаден од нашите натпреварувачи од сите клубови кои учествуваа. Посебно беше изненадувањето од дебитантите кој имаа осум години, Теодор Ѓорески од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, кој после две последователни победи беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претставникот од Украина. Исто така и Димитар Јосифоски од Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид освојувајќи сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Исто така сум презадоволен од тренерите, судиите и официјланите лица кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски, рече Лазарески.

На натпреварот во Босна и Херцеговина учествувале околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји од Европа. сс/мч/

фото МТТФ

Остани поврзан