• понеделник, 25 ноември 2024

Вкупно 298 санкции за сообраќајни прекршоци, 17 возила упатени на вонреден технички преглед

Вкупно 298 санкции за сообраќајни прекршоци, 17 возила упатени на вонреден технички преглед

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Вкупно 298 санкции за сообраќајни прекршоци се изречени во текот на вчерашниот ден, од 10.00 до 14.00 часот, од секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција. Акциската контрола во областа на сообраќајот е спроведена на територијата на цела држава.

Како што соопшти МВР, при контролата санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички.-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/дма/

Фото: МИА 
 

Остани поврзан