• четврток, 21 ноември 2024

Вицепремиерот Николоски најави нови инфраструктурни инвестиции во Штип

Вицепремиерот Николоски најави нови инфраструктурни инвестиции во Штип

Штип, 8 ноември 2024 (МИА) - Во посета на Општина Штип денеска беше потпретседателот на Владата Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов извршија увид во градежните работи на краци од  улиците „Христијан Карпош“ и „АСНОМ“ во штипската населба Леваци.

Вицепремиерот Николоски истакна дека само оваа година Владата во капитални проекти во Општина Штип инвестира 1,1 милион евра.

-Тоа се улиците „Панче Караѓозов“, крстосницата кај Сењак, тоа е „Петти конгрес“, „Браќа Даневи“и улицата „Солидарност“, коишто веќе се завршени, а е во тек реконструкција на овие улици, каде што сме тука. Тоа се улиците „Христијан Карпош“ и „АСНОМ“, а исто така е завршена и улица во Широк Дол, вели Николоски.

Посочи дека освен овие инвестиции, со средства од буџетот Општина Штип доби околу два милиони евра за изградбата на обиколницата од населбата Железничка до местото викано Рибник.

-Со гордост можам да кажам уште две работи, овој вторник на седница на Влада одобривме дополнителни 1,5 милиони евра за изведба и реконструкција на водовод и канализација на улиците „АСНОМ“, „Боро Милевски Рудо“, „Христијан Карпош“, за населбата Света Недела, како и реконструкција во Новакова Чешма и Плуждино, а во наредниот период ќе работиме и во Горни Бунар и Три Чешми, вели Николоски.

Тој истакна дека оваа инвестиција ќе изнесува 1,5 милиони евра и ова се средства од Министерството за транспорт и врски и какошто вели Николоски очекува веќе следната недела да се распише тендерот за избор на изведувач на овие улици, а вчера е распишан тендер за доизградба на браната на река Отиња, што ќе значи и конечно завршување на овој проект. Очекува до крајот на месецот да има веќе избран изведувач за брана на река Отиња, а завршување на проектот се очекува во 2026 година. Вицепремиерот Николоски истакна дека само оваа година од државниот буџет во Штип се инвестираат околу 12 милиони евра, а за следната година ќе има поголеми инвестиции.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Штип е градилиште, а во моментов се градат и реконструираат неколку улици во градот.

-Навистина ми е драго што добивме и позитивни информации дека и браната на река Отиња ќе продолжи да се гради со засилен интензитет. Навистина Штип наликува на едно огромно градилиште, коешто не само што ќе ја добие, подобри постоечката инфраструктура, туку и ќе создаде нова, а со тоа ќе се создаде вредност, вели Јорданов. вдј/нд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан