• недела, 25 февруари 2024

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Брисел, завршува билатералниот скрининг

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Брисел, завршува билатералниот скрининг

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, од денеска ќе престојува во работна посета на Брисел каде ќе учествува на семинар на тема проширување на Европската Унија, во организација на Групата на социјалисти и демократи С&Д во Европскиот Парламент.

Како што соопшти СЕП, работната посета на Брисел во следните два дена на вицепремиерот Маричиќ е и по повод учество на последните билатерални скрининг состаноци за поглавјата 30 и 31 со што скрининг процесот за Северна Македонија ќе биде официјално завршен.

Во рамките на посетата вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе оствари работни средби и со Комесарот за промовирање на европски начин на живеење, Маргаритис Шинас, Генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман.

На маргините од посетата на Брисел, на 8 декември вицепремиерот Бојан Маричиќ, ќе го одржи 5-тиот состанок на Стратешкиот борд на WBIF со генералниот директор на Генералниот директрат за Соседска политика и проширување (ГД НЕАР) при Европската комисија, Јан Копман, и со генералниот директор на Одделот за европски работи и меѓународна трговија на Норвешка, Фроде Оверленд Андерсен.

-Тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на Планот за раст на економиите на земјите од Западен Балкан, како и статусот на реформите и останатите актуелности  во земјава, наведуваат од СЕП. вг/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан