Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во официјална посета на САД
- СООПШТЕНИЕ: Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити престојува во Соединетите Американски Држави каде што ќе учествува на 79. Состанок на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации.
Скопје, 21 септември 2024
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити престојува во Соединетите Американски Држави каде што ќе учествува на 79. Состанок на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации.
За време на престојот во Њујорк, првиот вицепремиер Маџити ќе оствари средби со американски високи претставници, како и ќе има средби со организации од дијаспората кои делуваат во Соединетите Американски Држави.
Првиот вицепремиер Меџити отпатува во Њујорк со високата државна делегација, која ќе биде дел од работата на 79. состанок на Собранието на ОН.
Министерство за животна средина и просторно планирање
Канцеларија за комуникација со јавност
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МЖСПП