Витсел ќе го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2025 година
- Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Мадрид, 8 јуни 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, новиот договор ќе важи до летото 2025 година. Забележано е дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го смета Витсел за важен играч за тимот.
Минатата сезона 35-годишниот Белгиец кој играше на позицијата централен дефанзивец одигра 51 натпревар за клубот и постигна два гола.
Пред да направи трансфер во Атлетико Мадрид во 2022 година, Витсел настапуваше за Босрусија Дортмунд, Тианјин, Зенит, Бенфика и Стандард Лиеж. зс/
Фото: ЕПА