• сабота, 21 декември 2024

Високи функционери на ДУИ на средба со жители на Долнени и Крушево

Високи функционери на ДУИ на средба со жители на Долнени и Крушево

Скопје, 14 февруари 2023

Жителите на Лажани ги пречекаа високите партиски функционери на ДУИ, на средба на која се разговараше за тешката економска состојба во селото, како и во општините Долнени и Крушево, незаинтересираноста на извршната власт за овој регион, како и сериозната криза на Демократската унија за интеграција.

Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека отсекогаш имал посебна почит кон регионот, поради неговата оддалеченост од другите населби со доминантно албанско население како и поради тешката економска состојба која владее тука. Џафери рече дека актуелната власт на ДУИ, предводена од Артан Груби со прст не мрднала за Долнени и што е најлошо не дава никаква сметка за тоа,  што не се случило со ниедна влада до сега. Џафери предупреди дека во група незадоволни од овие политики на Груби, ќе се приклучи и градоначалникот на општина Долнени Урим Ибески, но рече дека ќе треба да помине уште некое време.

Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити рече дека од овде во Лажани меѓу жителите на Долнени и Крушево, поставува прашање зошто овие области се целосно заборавени од оваа извршна власт?

-Лесно е да тераш големи политики во Скопје и Тетово, но овде ситуацијата е поинаква, вие сте помалку на број, а ви треба поддршка, па мора да прашате зошто извршната власт не доаѓа да ве посети, зошто пратениците од ИЕ 5, Талат Џафери и Исмаил Јаоски не ве посетуваат? Имаме министри кои не ги сакаат ниту дома,  ниту Чаир, ниту Скопје, па се среќаваат меѓу себе, со функционери, со советници со телохранители, кои ги тераат да доаѓаат на овие средби, но никогаш не се сретнуваат со граѓаните, со гласачите, рече Меџити.

Во Собранието, додаде Меџити, имаме циркус, рекоа Алијансата влегува за да направи 81 пратеник, сега не знаат дали имаат 61? Артан Груби ја стави ДУИ во минус уште пред да се формира владата, имаме помалку министри, помалку заменици министри, помалку државни секретари, помалку директори, рече Меџити.

Организацискиот секретар и градоначалник на општина Сарај Блерим Беџети рече дека навредливиот дух на Артан Груби и неговите портали кон сопартијците даде резултати, и сега секој ден ДУИ има помала моќ. -Треба да се цени трудот и вложувањето на секој поединец во ДУИ, јас го познавам овој регион затоа што сум работел многу овде, и сум дал отчет за мојата работа, затоа бараме и оваа извршна власт на чело со Груби да каже зошто ништо не направиле за Долнени и Крушево, рече Беџети.

Башким Хасани рече дека од денеска се чувствува уште поудобно да ја продолжи активноста, бидејќи сега на дело е и отуѓувањето на ДУИ, со самиот факт за да се спаси Артан Груби се прави коалиција со оние кои до вчера го имаат навредено цела ДУИ. -Алијанса за Албанците свесно го спасува Артан Груби, бидејќи знае дека на овој начин ја ослабува ДУИ, рече Хасани.

Високите функционери на ДУИ најавија дека средбите со граѓаните ќе ги продолжат и понатаму во сите населени места.

 

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан