• среда, 15 мај 2024

Винисиус ја освои „Златна самба“ за 2023 година

Винисиус ја освои „Златна самба“ за 2023 година

Рио де Жанеиро, 28 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја доби наградата „Златна самба“ како најдобар бразилски фудбалер за 2023 година.

Второто место во гласањето му припадна на напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, а дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос ја заокружи првата тројка.

До 2021 година, Златната самба му се доделуваше на најдобриот бразилски играч кој игра во Европа. Во последните три години наградата ја добиваше Нејмар.

Сезонава Винисиус одигра 13 натпревари на кои постигна шест голови и четири асистенции. Напаѓачот го освои и трофејот „Сократ“, доделен за хуманитарна работа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан