Вилдерс одби да призне дека некои негови политички пријатели можат да бидат обвинети за антисемитизам
- Лидерот на Холандската Партија на слободата Герт Вилдерс одби да признае дека некои од неговите политички пријатели во странство, особено унгарскиот премиер Виктор Орбан, може да бидат обвинети за антисемитизам.
Хаг, 13 ноември 2024 (МИА) - Лидерот на Холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс одби да признае дека некои од неговите политички пријатели во странство, особено унгарскиот премиер Виктор Орбан, може да бидат обвинети за антисемитизам.
За ова тој беше критикуван од лидерот на коалицијата Зелена левица-Партија на трудот на Франс Тимерманс за време на дебатата за насилството врз израелските фудбалски навивачи во Амстердам минатата недела по натпреварот Ајакс - Макаби Тел Авив. Ова го објави Националната новинска агенција на Холандија.
„Отсекогаш те бранев по ова прашање“, му рекол Тимерманс на Вилдерс. „Отсекогаш сум велел: Вилдерс не е антисемитист, но тој комуницира со антисемитисти“, рече Тимерманс.
Тој го повика Вилдерс да го препознае антисемитизмот не само кај муслиманската младина, туку и кај радикалните десничарски кругови.
Но, Вилдерс одби да го стори тоа. „Орбан не е антисемитист, ова е искривување на работите“, инсистираше тој.
Тогаш Тимерманс ги посочи бројните напади на Орбан врз бизнисменот и филантроп Џорџ Сорос, роден во Унгарија. „Прогонот на Сорос беше чист антисемитизам“, рече тој. рп/
Фото: ЕПА