• сабота, 29 јуни 2024

Вест Хем неделава ќе го промовира тренерот Лопетеги

Вест Хем неделава ќе го промовира тренерот Лопетеги

Лондон, 20 мај 2024 (МИА) - Хулен Лопетеги во блиска иднина ќе го преземе тренерското место Вест Хем.

Шпанскиот фудбалски стручњак ќе стане нов селектор на лондонскиот тим. Двете страни постигнаа целосен договор. Официјално соопштение за назначувањето на Лопетеги се очекува оваа недела, објавија британските медиуми.

Вчерашниот меч со Манчестер сити (1:3) беше последен за Дејвид Мојс на чело на „чеканите“. Шкотланѓанецот го водеше тимот од 2019 година.

Вест Хем ја заврши сезоната 2023/24 во Премиер лигата на 9. место на табелата со 52 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан