• понеделник, 13 мај 2024

Вест Хем би можел да ги продолжи преговорите со Мегваер во јануари

Вест Хем би можел да ги продолжи преговорите со Мегваер во јануари

Лондон, 15 октомври 2023 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да се врати на преговорите околу трансферот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер во зимскиот преоден рок, пренесува „ESPN“.

Лондонци веќе се обидоа да го ангажираат 30-годишниот Англичанец во текот на летото, но тој ја одби понудата.

Оваа сезона Мегваер одигра четири натпревари за Манчестер јунајтед и постигна една асистенција. Договорот на дефанзивецот со тимот од „Олд Трафорд“ истекува во летото 2025 година.

Фудбалерот е незадоволен од статусот во тимот и најави заминување во друг клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан