• недела, 22 декември 2024

Верстапен со пол-позиција за спринтот во Мајами

Верстапен со пол-позиција за спринтот во Мајами

Мајами, 4 мај 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за спринт трката што се вози како дел од Големата награда на Мајами, шестиот круг од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

За прв пат во кариерата, трикратниот светски шампион до најдобрата стартна позиција стигна во Мајами, каде што славеше во претходните две години, иако се работи за спринт.

Најблиску до Верстапен беше Шарл Леклер во Ферари, кој практично го пропушти целиот слободен тренинг поради технички дефект. Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез имаше трето време, додека титулата херој на спринт квалификациите му припадна на Даниел Рикардо, кој го освои четвртото време.

Спринт трката во Мајами е закажана за денеска од 18 часот. Од 22 часот се закажани квалификациите за Големата награда на Мајами, која започнува во недела во истиот термин. дс

Фото: Архива

Остани поврзан