Венс: Русија и Украина мора директно да преговараат за да се стави крај на војната
- Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека администрацијата на Доналд Трамп сака Русија и Украина да ги прифатат насоките за директни преговори што би биле неопходни за да се стави крај на војната.
Вашингтон, 7 мај 2025 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека администрацијата на Доналд Трамп сака Русија и Украина да ги прифатат насоките за директни преговори што би биле неопходни за да се стави крај на војната.
САД веруваат дека отстапките што ги бара Русија се преголеми, но нагласија дека не се песимистични во врска со шансите за завршување на конфликтот.
Венс нагласи дека верува оти САД и Европа се на иста страна, нивните култури се поврзани. Тој ја опиша како „смешна“ идејата дека односите меѓу нив би можеле да се влошат.
Сепак, тој рече дека САД и Европа премногу се навикнале на начинот на кој е уреден безбедносниот систем во последните децении, што нема да ги задоволи потребите во следните 20 години.
-Дискусиите меѓу САД и Европа продолжуваат, а Вашингтон врши притисок врз ЕУ да ги намали своите тарифи и законски ограничувања и да ги подобри трговските врски, додаде американскиот потпретседател на настан што е дел од Минхенската безбедносна конференција.
Венс ги поздрави потезите на Европа за проширување на својата одбрана, но додаде дека на американските производители на оружје треба да им се даде можност да учествуваат во овие напори.
Во врска со преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, потпретседателот рече дека тие „се на вистинскиот пат“.
-Можно е да се постигне договор што ќе го врати Иран во глобалната економија без да му се дозволи да се стекне со нуклеарно оружје, нагласи тој.
„Трамп е против ширењето на нуклеарно оружје и би бил спремен да седне на иста маса со Русија и Кина за да разговара за намалување на бројот на нуклеарно оружје во светот“, нагласи Венс.
Потпретседателот додаде дека Вашингтон и Пекинг не разговарале за стратешки договор за Тајван. мс/
фото: ЕПА