• недела, 22 декември 2024

Венесланд ги осуди израелските напади врз хуманитарната зона во Појасот Газа

Венесланд ги осуди израелските напади врз хуманитарната зона во Појасот Газа

Газа, 10 септември 2024 (МИА) – Претставникот на Обединетите нации за блискоисточниот мировен процес, Тор Венесланд денеска ги осуди израелските воздушни напади врз хуманитарната зона во Појасот Газа, во кои според податоците на Цивилната заштита на енклавата загинаа 40 лица.

Силно ги осудувам денешните воздушни напади на Израел во густо населена област, хуманитарната зона дефинирана од Израел во Кан Јунис, каде што се засолнуваат раселените, посочи Венесланд.

Тој додаде дека „цивилите никогаш не треба да се користат како жив штит“.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во нападот загинале најмалку 19 лица, додека цивилната одбрана објави дека загинале 40 лица.

Израелската армија соопшти дека цел на нападот биле екстремистите на Хамас во командниот центар во областа Кан Јунис, каде што идентификувала тројца оперативци директно вклучени во нападот на Хамас врз Израел од 7 октомври минатата година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан