• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велика Британија најави зголемување на воената помош за Украина во вредност од 580 милиони долари 

Велика Британија најави зголемување на воената помош за Украина во вредност од 580 милиони долари 

Брисел, 11 април 2025 (МИА) - Велика Британија најави зголемување на воената помош за Украина во износ од 580 милиони долари.  

Велика Британија објави дека во заедничка иницијатива со Норвешка ќе одвои нешто повеќе од 580 милиони долари за набавка на стотици илјади воени беспилотни летала, радарски системи и противтенковски мини, како и за поправка и одржување на оклопните возила на Украина со цел да останат оперативни на фронтот, пренесуваат американските медиуми. 

Оваа помош се појавува во време кога британскиот министер за одбрана Џон Хили го води состанокот на украинската Контакт група за одбрана во Брисел, заедно со неговиот германски колега Борис Писториус. 

Групата вклучува членки на НАТО и други земји кои ја поддржуваат Украина. 

-Работата на украинската Контакт група за одбрана е клучна за да се стави Украина во посилна позиција и да се изврши притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да го натера да стави крај на оваа ужасна војна, рече Хили за време на состанокот. сд/ 

Фото:МИА архива 

Остани поврзан