• четврток, 25 април 2024

Велешките средношколци се едуцираат за безбедност во сообраќајот

Велешките средношколци се едуцираат за безбедност во сообраќајот

Велес, 28 март 2023 (МИА) - Во организација на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво (ОСПДП) во Средното стручно општинско училиште  „Коле Неделковски“ во Велес, вчера попладне се одржа предавање за безбедноста во сообраќајот. Пред присутните средношколци за значењето на нивната безбедност како директни и индиректни учесници во сообраќајот зборуваше Грозданчо Сутинов член на ОСПДП.

елта на едукативното  предавањето беше да се подигне јавната свест кај средношколците за подобрување и зголемување на безбедноста во сообраќајот низ градските улици, изјави за МИА, Катерина Стојадиновиќ сообраќаен инженери и професор по стручни предмети во сообраќајната струка.

Таа информира дека  средбата на учениците со претставниците на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво беше интерактивна со многубројни прашања и предлози за намалување на бројот на сообраќајните незгоди во кои за жал не ретко учесници се и самите ученици.

-Учениците на предавањето споделија свои искуства како возеле мопед без заштитна кацига или се возеле во автомобил со пијан возач, поминувале улица на несоодветно место наместо на обележан сообраќаен премин. Тие сами признаа дека свесно згрешиле и ветија дека после ове едукативни предавања самите ќе се освестат и нема да прават сообраќајни прекршоци. Со тоа во иднина нема самите да си го  загрозуваат сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот, вели професорката Стојадиновиќ.

Таа потенцира дека е многу важно што средношколците самите побарале што почесто да има вакви едукативни предавања со Општинскиот совет за превенцијана детско претстапништво и службеници од СВР Велес.

Инаку во нивното училиште ова е трето вакво едукативно предавање за сообраќајот, а биле најавени и други во соработка со СВР Велес.

Предавања за безбедноста во сообраќајот во наредните денови ќе се одржат и во Хемиското и Економското училиште, а изминатиот петок се одржа меѓу гимназијалците. ад/дма/

 

Фото: Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан