Велешките средношколци и основци јавно говореа за актуелни теми меѓу кои и насилството
- Во организација на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес денеска се одржа настанот-Јавно говорење, на кој на предлог на учениците од Дебатниот клуб на оваа средно стручно училиште тие со своите врсници од други велешки средни училишта, како и основци јавно говореа по темите: Социјалните медиуми во модерното живеење, Насилството како феномен на секојдневието,односно за сајбер насилството и булингот па и физичкото насилство меѓу учениците и како трета тема за Преносот на генерациите-преносот на вредности.
Велес,11 декември 2024 (МИА) - Во организација на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес денеска се одржа настанот-Јавно говорење, на кој на предлог на учениците од Дебатниот клуб на оваа средно стручно училиште тие со своите врсници од други велешки средни училишта, како и основци јавно говореа по темите: Социјалните медиуми во модерното живеење, Насилството како феномен на секојдневието,односно за сајбер насилството и булингот па и физичкото насилство меѓу учениците и како трета тема за Преносот на генерациите-преносот на вредности.
Средношколецот Александар Стојановски од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ јавно говореше на темата сајбер насилство и притоа потсети дека сајбер насилството има сериозни последици по психолошкото и емоционалното здравје на жртвите,посебно кај младите.
-За да се спречи вежно е да се едуцираат за безбедноста на интернет и да се промовира одговорно однесување во дигиталниот простор и посебно да има соработка помеѓу образовните и безбедносните институции и граѓанскиот сектор.Не биди жртва,не биди насилник,биди човек! порача ученикот Александар Стојановски.
Професорката по граѓанско образование Марија Јанушева од ова училиште која го организира настанот за јавно говорење во информацијата за МИА, посочи дека за сите свои проблеми учениците треба јасно да говорат и да ги кажат на возрасните, да споделат со нив за да им помогнат.
-Ние како наставници некогаш може да го препознаеме,а може и да не го препознаеме булингот, а ученикот да го доживува, затоа треба да го сподели со нас за да му помогнеме,потенцира професорката Јанушева.
Таа информира дека насилството како општествен феномен некои од учениците за жал го осетиле и на своја кожа, но за тоа не сакаат јавно да говорат.
-Во нашето училиште за среќа последниве години нема насилство меѓу учениците,а сето тоа се должи на превенцијата од нас возрасните.Во училиштето имаме обезбедување и плус по двајца дежурни наставници на секој спрат,кои и со самото присуство водат ред, значи делуваме превентивно да не дојде до насилство и да не ескалира.Превенцијата е најважна и постојано говорење со младите.Но не само поради говорење,туку да ги оставиш учениците да говорат и да кажат што ги мачи и што им е проблемот и дали доживуваат булинг.Дали доживуваат незадоволство од тоа што се млади или понекогаш бунтовност без причина, а како последица на фрустрација за нешто што не е надвор од училиштето но ги фрустрира,па се случува незадоволство тука во училиштето, појаснува професорката Јанушева.
Воедно информира дека на денешната средба учениците говореле и за своите генерации и своите вредности и вредностите што треба да ги превземат од постарите генерации.ад/
Фото: МИА