• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Велешките пожарникари спречија поголема штета на пожарот помеѓу селата Горно Оризари и Клуковец

Велешките пожарникари спречија поголема штета на пожарот помеѓу селата Горно Оризари и Клуковец

Велес, 23 јули 2025 (МИА) - Брзата интервенција на Територијалната противпожарна  единица Велес доцна синоќа спречи поголема штета од пожар кој избувна меѓу селата Горно Оризари и Клуковец,а за што дојава примиле во 21:37 часот и со едно противпожарно возило и четорица пожарникари веднаш се упатиле на терен.

Како што денеска информираат од ТППЕ Велес, ситуацијата брзо била  ставена под контрола и пожарот  успешно ликвидиран, а  пред да се прошири и зафати поголема површина.

Со пожарот била зафатена  површина од околу два декара стрниште.ад/

Фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан