• петок, 05 декември 2025

Утре на Дебарско Езеро почнува тридневен крап куп меморијален риболовен натпревар „Бојди Граждани"

Утре на Дебарско Езеро почнува тридневен крап куп меморијален риболовен натпревар „Бојди Граждани

Дебар, 8 октомври 2025 (МИА) - Спортското риболовни друштво „Трофта" (Пастрмка) организира, крап куп меморијален турнир во знак на почит на прерано починатиот познат спортски риболовец Бјонди Граждани.

-Овој турнир не е само натпревар, туку е дружба,  убава можност за споделување моменти на пријателство, сеќавање и почит кон нашиот Бјонди, со зајакнување на врските помеѓу учесниците и нашата риболовна заедница, рече за МИА, Бели Халити, претседател на друштвото.

Пријавени за учество се 20 екипи, збирно место е градската плажа, турнирот почнува утре во 10 часот а завршува на 12 октомври во 14 часот.

-Правилата на натпреварот се улови и пушти, се прифаќаат само риби крап и амур, тимовите ги сочинуваат по тројца риболовци со право до 6 трски не подолги од 4 метри. Дозволено е само 1 трска 1 јадица  и хранење со семиња, пелети, боила, PVA, spomb, катапулт, ракета и лопата. Забранета е методата фидер. Натпреварот ќе го следи професионален судија од риболовната федерација на Македонија, посочи Халити. 

Според него на најуспешните ќе им бидат доделени пехари и медали, ќе има специјална награда за  најголема уловена  риба а признанија за учество ќе им бидат врачени на сите тимови. 

Фото: СРД "Трофта"-Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан