• среда, 17 декември 2025

Велешани се приклучија на хуманитарните трки и дадоа поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Велешани се приклучија на хуманитарните трки и дадоа поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Велес, 25 мај 2025 (МИА) - Велешани дадоа поддршка за погодените од трагедијата во кочанската дискотека на денешната трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“.

Организаторот Славче Коцев од „Европската куќа“ во Велес рече дека е задоволен од трката и покрај временските услови.

Средствата што беа собрани, ќе бидат донирани.

Најбрзите машки лица во Велес беа Петар Деев, Јованче Јанев и Дарко Илковски, додека во женската група, првите три места им припаднаа на Марија Коцева, Ања Трајковски и Благица Орешкова.

Покрај во Велес, трки се одржуваат и во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Струга и во Тетово.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а близу 200 лица се здобија со повреди. ад/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан