• понеделник, 02 март 2026

Пред кумановци прикажани истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со аутизам

Пред кумановци прикажани истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со аутизам

Куманово, 16 декември 2025 (МИА) - Родители, специјални едукатори, педагози, дефектолози и други стручни лица денеска присуствуваа на настанот „Херои во сите бои“ кој се одржа во Куманово. Врвни експерти од државата зборуваа за истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со нарушувањето од спектарот на аутизам.

Проф. д-р. Роберт Јаневски во изјавата за медиумите објаснува дека аутизмот е спектар, лепеза на повеќе состојби. Неговите истражувања се фокусирале на влијанието на надворешните услови на храната, на тешките метали кои придонесуваат кај децата да се развие таквата состојба.

- Минатата година спроведовме студија на 100 деца каде што генетски не е докажана аутизам, а имаат класична клиничка слика на аутизам презентирана е студијата публикувана меѓународно. Направено е испитување и на нивните братчиња, сестричиња кои исто се хранат. Сите 100 деца коишто имаат клиничка слика на аутизам имале зголемување на нивото на тешки метали тоа и математички не може да биде и случајно, кажа Јаневски.

Тој вели дека детоксикација треба да се спроведе внимателно, зашто покрај константното изложување на жива, олово, на организмот му се потребни други метали, железо, магнезиум итн.

Доц. д-р Силвана Филипова кажа дека екранизацијата не е дијагноза, но стручната јавност ја користи и упати порака дека во последниве години значително влијае врз когнитивниот развој на децата.

- Страшно негативно влијание за да се развие говорот значи потребна ни е добра биолошка невробиолошка основа, а тоа значи добра интелигенција, развиена моторика, развиена перцепција. Онаму каде што се раѓаат со послаба развиеност, но ако средината е стимулативна се извлекува максимумот, но онаму каде што се раѓаат со добра основа, а се изложени на екранизација се јавува ехолалија, изјави Филипова.

За неа алармантни се показателите последниве години.

Проф. д-р Насер Дурмиши се обрати до родителите и ги повика да се свртата кон себе, за да детето има здрави родители кои му се потребни, да не го доживуваат како грижа на совест.

- Важно е да ја прифатат самата дијагнозата на детето, да си ги срочат своите планови во некакви рационални основи и трето и ништо помалку битно, ако не е најбитно да си се свртат накај себеси малку да не заборават дека они се најбитни за детето, да не го доживуваат како луксуз, порача Дурмиши.

Бранка Џајковска од Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, кажа дека во Куманово е шестти настан.

- Овие средби се реализираат како дел од активностите на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и имаат за цел да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество. Во рамките на кампањата се подига јавната свест и да понуди одговори, наменети за родителите, рече Џајковска.

Таа кажа дека во Куманово интерес има и од градинките, училишта, но и од силниот невладин сектор кој промовира инклузивност.

Важно е да се обезбеди средина која е инклузивна, родителите да не се чувствуваат осамено во нивната борба, предизвик кој треба заеднички да се реши како во самото семејство со поддршка на заедницата.

- Општина Куманово важи како пионер на полето на инклузијата, не само во однос на инклузивните политики, туку е резултата на самата инкузивна средина која како култура ја негуваат кумановчани на соживот, соработка поддршка и почитување рече Џајковска и најави соработка со здружението „Инклузива“. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан