• среда, 07 јануари 2026

Ваљбон Лимани оствари средби со занаетчиите и градскиот еснаф

Ваљбон Лимани оствари средби со занаетчиите и градскиот еснаф

Гостивар, 5 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани во рамки на предизборната кампања денес оствари повеќе средби со граѓаните и презентираше дел од програма.

Кандидатот за градоначалник кој ја има поддршката на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) со неговиот тим делеше рекламен материјал на градскиот плоштад. Потоа имаше средби со занаетчиите и претставници на локалниот еснаф.

- Нашите денешни активнисти се насочени кон малите бизниси и луѓето кои ги водат. Во директни средби да слушнеме што тие мислат и што треба да се смени за имаат подбри услуви за работа, рече Лимани.

Тој на занаетчиите одблиску им ја презентираше неговата изборна програма која се однесува на поддршка и развој на мали бизниси. Лимани посочи дека со предизборната програма предвидена е директна финансиска помош од по 60 илјади денари за 30 стартапи на млади и истиот толку за 30 бизнис иницијативи кои би ги започнале девојки и жени од гостиварската општина.

Кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани посочи дека изминативе денови, кампањата се спроведувала во околните населени места, а од оваа недела фокусот на кампањата ќе биде ставен на градот. Лимани нагласи дека е задоволен од поддршката која ја добива и дека наидува на одличен прием.

Тој во обраќањата упати апел до гласачите да излезат помасовно на избирачките места на 11 јануари и ја побара поддршката за неговата визија за развој на Гостивар во следните четири години.згм/вј/

 Фото: МИА

 

Остани поврзан