• сабота, 15 јуни 2024

Валенсија стрелец на првиот гол на Светското првенство во Катар

Валенсија стрелец на првиот гол на Светското првенство во Катар
Ал Хор, 20 ноември 2022 (МИА) - Напаѓачот на Еквадор, Енер Валенсија го постигна првиот гол на Светското првенство во 2022 година. Тој го отвори резултатот на натпреварот против домаќинот на Мундијалот Катар. Валенсија го реализира пеналот во 16. минута од првото полувреме. Претходно Валенсија веќе ја испрати топката во мрежата на почетокот на натпреварот, но голот беше поништен по ВАР наредба поради офсајд. До крајот на првото полувреме Валенсија постигна уште еден гол за предност на Еквадор на полувреме со 2:0. зс

Остани поврзан