• вторник, 17 март 2026

Вадефул: Иран мора да се обврзе дека нема да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите

Вадефул: Иран мора да се обврзе дека нема да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите

Берлин, 25 февруари 2026 (МИА)  - Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека во преговорите со САД, Иран мора да се обврзе да престане да ги поддржува вооружените прокси групи - Хамас во Газа, Хезболах во Либан и Хутите во Јемен.

Зборувајќи на прес-конференција со својот белгиски колега Максим Прево, тој додаде дека Германија има „посебна одговорност за безбедноста на Државата Израел“, пренесуваат британските медиуми.

Германската политика кон Израел се заснова на принципот на „државен разум“, според кој безбедноста на Израел е дел од историската и политичката одговорност на Германија по Холокаустот.

Таа позиција, која силно ја артикулираше поранешната канцеларка Ангела Меркел, подразбира политичка, дипломатска и безбедносна поддршка за Израел.

Во исто време, Берлин официјално го поддржува решението со две држави и повикува на почитување на меѓународното право.сд/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан