• вторник, 05 ноември 2024

Бројот на загинати од земјотресот во Јапонија се зголеми на 48

Бројот на загинати од земјотресот во Јапонија се зголеми на 48

Токио, 2 јануари 2024 (МИА) - Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија денеска се зголеми на 48, соопшти штабот за катастрофи на префектурата Ишикава.

Би-би-си, повикувајќи се на официјални лица од префектурата соопштија дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте. 

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан