• среда, 24 април 2024

Бројот на жртви во рускиот напад врз Чернигов се зголеми на 17

Бројот на жртви во рускиот напад врз Чернигов се зголеми на 17

Чернигов, 17 април 2024 (МИА) – Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз градот Чернигов се зголеми на 17, а 60 лица се повредени, соопштија денеска украинските власти.

Според ажурираните информации, починале 17 лица, од кои две лица починале во болница.

Покрај тоа, повредени се 60 лица, меѓу кои и три деца, се вели во соопштението на украинската служба за итни случаи објавено на Телеграм, пренесува Укринформ. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан