• сабота, 21 декември 2024

Претседателот на Израел чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносни причини“

Претседателот на Израел чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносни причини“

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - На израелскиот претседател Исак Херцог и неговата делегација им беше дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром откако поминаа уште 40 минути во авионот „поради безбедносни причини“, рече претседателскиот портпарол.

Како што се наведува, „претседателот и неговата делегација се симнаа и го продолжија распоредот според планираното“, но не се откриени детали за инцидентот, јавуваат израелските медиуми.

Весникот „Вала“ објави дека при слетувањето на авионот на покривот на аеродромот било забележано сомнително лице.

Израелската делегација, која пристигна во Париз на Олимпијадата, има зголемено обезбедување поради заканите и повиците Израел да не учествува поради војната против Хамас во Газа. паг/

Фото: МИА архива


  
 

 

 

Остани поврзан