• недела, 22 декември 2024

Песков: Позицијата на Украина е во согласност со ставот на Кремљ, Русија е отворена за преговори

Песков: Позицијата на Украина е во согласност со ставот на Кремљ, Русија е отворена за преговори

Москва, 24 јули 2024 (МИА) - Изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба за подготвеноста на Киев за разговори со Москва е во согласност со ставот на Кремљ, но потребни се дополнителни појаснувања, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Сите дознавме од извештаите од Пекинг дека тој дал таква изјава на средбата со Ванг Ји. Може да се каже дека самата порака е во согласност со нашиот став. Знаете, Русија никогаш не одбила разговори, таа останува отворена. За преговарачкиот процес, сепак, деталите се важни и сè уште не ги знаеме, па да почекаме некои појаснувања кои очигледно ќе следат“, рече портпаролот на Кремљ.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со Кулеба укажа на фактот дека постои ризик од ескалација на конфликтот во Украина и негово ширење надвор од границите на земјата, на што Кулеба рече дека Украина е подготвена и сака да разговара со Москва. паг/

Фото: ЕПА

 



Остани поврзан