• четврток, 09 мај 2024

Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди

Бројот на болни од денга во Аргентина е на пат да собори рекорди

Буенос Ајрес, 20 март 2024 (МИА) – Големата епидемија на денга во Аргентина, болест што ја пренесуваат комарците и потенцијално фатална, е на пат да ги собори претходните рекорди, одразувајќи ја загриженоста во Јужна Америка, каде што пожешкото и повлажното време доведе до пораст на случаите.

Аргентина досега има регистрирано над 120.000 случаи во сезоната 2023/24, повеќето од нив во последните два месеци.

- Ја доживуваме најголемата епидемија на денга во Аргентина, изјави Маријана Мантека Акоста, директорка на Институтот Малбран и специјалист за заразни болести. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан