• понеделник, 08 јули 2024

Британско разузнавање: Русија веројатно ги ограничува патувањата на функционерите

Британско разузнавање: Русија веројатно ги ограничува патувањата на функционерите
Лондон, 15 март 2023 (МИА) - Руската Влада најверојатно ќе воведе сè построги ограничувања за патување на руските функционери, се наведува во денешниот извештај на британските разузначаки служби, што на Твитер го објави Министерството за одбрана.

Постои реална можност „да се заострат патните ограничувања за зголемен број вработени во јавниот сектор“, се наведува во дневниот извештај на британското Министерство за одбрана за војната во Украина.

„Мерките најверојатно се дизајнирани да го спречат бегството или пребегнувањето на сè понезадоволни функционери“, се додава.

„Некои функционери веројатно морале да ги предадат своите пасоши на Федералната служба за безбедност“, се вели во извештајот.

На оние од потесниот круг на Кремљ им се „забранети сите меѓународни патувања во слободно време“. ссм/

Остани поврзан