• недела, 22 декември 2024

Британски Телеграф: Израел ангажирал агенти на Иранската револуционерна гарда за ликвидација на лидерот на Хамас

Британски Телеграф: Израел ангажирал агенти на Иранската револуционерна гарда за ликвидација на лидерот на Хамас

Лондон, 3 август 2024 (МИА) - Мосад, израелската разузнавачка агенција, ангажирала агенти на Иранската револуционерна гарда (IRGC) да постават експлозив во три одделни простории на зградата во која престојувал лидерот на Хамас Исмаил Ханија, пишува британски Телеграф. Во написот се наведува дека првичниот план бил да се убие Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Хамас, уште во мај кога присуствувал на погребот на поранешниот ирански претседател Ебрахим Раиси.

Операцијата не била спроведена поради големата гужва во зградата и големата веројатност за неуспех.

Меѓутоа, според Телеграф, двајца агенти сепак поставиле експлозивни направи во три простории на Корпорацијата на исламската револуционерна гарда (IRGC) во северен Техеран каде што се претпоставувало дека Ханија би можел да престојува.

Агентите биле забележани како се движат од една просторија во друга, што било потврдено од официјални лица кои имале снимки од видео надзорот поставен на зградата.

Исто така, се истакнува дека на крајот тие оперативци побегнале од Иран додека нивниот главен извор останал во државата. Во средата, во 2 часот наутро експлозивот бил детониран од странство.

Во експлозијата беше убиен Ханија, кој беше во Техеран на инаугурацијата на претседателот Масуд Пезешкиан.

„Сега се сигурни дека Мосад ангажирал агенти од безбедносната единица Ансар ал-Махди“, изјави официјален претставник на IRGC за Телеграф од Техеран, мислејќи на единицата на IRGC одговорна за безбедноста на високите претставници. Со понатамошна истрага открија дополнителни експлозивни направи во уште две простории“.

Друг официјален претставник од рамките на елитните воени сили на IRGC рече: Ова е понижување за Иран и голем пробив во безбедноста. Сè уште е прашање за сите како се случи тоа, не можат да го сфатат. Мора да има нешто повеќе во хиерархијата за кое никој не знае“.

Сега постои интерна игра на обвинувања во рамките на IRGC, а различни сектори се обвинуваат едни со други за неуспехот, откри првиот официјален претставник за британскиот весник. ссм/

фото: архива

Остани поврзан