• четврток, 19 декември 2024

Британскиот премиер повика на намалување на тензиите долж либанско-израелската граница

Британскиот премиер повика на намалување на тензиите долж либанско-израелската граница

Лондон, 24 септември 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска повика на воздржаност и намалување на тензиите долж либанско-израелската граница, додека Израел втор ден по ред ја врши напади врз областа контролирана од Хезболах во либанската престолнина Бејрут.

-Денеска повторно повикувам на воздржаност и деескалација долж границата меѓу Израел и Либан на Блискиот Исток. Повторно ги повикувам сите земји да се повлечат од работ на пропаст, рече тој во говорот на годишната конференција на Лабуристичката партија во северозападниот англиски град Ливерпул.

Британскиот премиер истакна и дека секоја политика на неговата влада ќе биде соодветно финансирана.

Стармер бил прекинат од демонстрант кој почнал да вика за конфликтот во Појасот Газа.

-Овој човек очигледно има пропусница од конференцијата во 2019 година. Ја сменивме партијата, се пошегува како одговор британскиот премиер, додавајќи: „Затоа имаме лабуристичка влада“.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами синоќа повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Либан пред состанокот на министрите на Г7, додека бројот на жртвите од израелските напади врз терористичката група Хезболах се искачи на речиси 500. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан