• петок, 25 октомври 2024

Британскиот крал им се заблагодари на ветераните на одбележувањето на 80-годишнината од Денот Д

Британскиот крал им се заблагодари на ветераните на одбележувањето на 80-годишнината од Денот Д

Париз, 6 јуни 2024 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети го изрази своето „длабоко чувство на благодарност“ кон оние кои се бореа во инвазијата на Денот Д додека им се обраќаше на ветераните за време на комеморациите на 80-годишнината во Нормандија.

Како што пренесува ДПА, ветераните бришеле солзи за време на обраќањето на кралот Чарлс на денешниот комеморативен настан во Франција.

- Со најдлабоко чувство на благодарност се сеќаваме на нив и на сите што служеа во тоа критично време, рече Чарлс во својот говор.

Кралот и кралицата, исто така, беа емотивни за време на службата, особено кралицата која заплака додека еден ветеран од Денот Д читаше спомени пред толпата во Вер-сур-Мер. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан