• недела, 22 декември 2024

Босна го откажа пријателскиот натпревар со Русија

Босна го откажа пријателскиот натпревар со Русија
Сараево, 31 октомври 2022 (МИА) - Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина го откажа пријателскиот натпревар со селекцијата на Русија, ова е објавено на официјалната веб-страница на организацијата. Претседателот на босанската федерација Вико Жељковиќ изјави дека натпреварот ќе биде одложен на неодредено време. Натпреварот Русија - Босна беше закажан за 19 ноември во Санкт Петербург. Сепак, голем број босански фудбалери се спротивставија на играта со рускиот тим. На крајот на февруари, Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучија да ги отстранат од сите натпреварувања под нивно покровителство руските тимови и репрезентации во сите категории. зс/

Остани поврзан