• вторник, 22 октомври 2024

Борел повика на независна истрага за израелскиот напад врз училиштето на УНРВА

Борел повика на независна истрага за израелскиот напад врз училиштето на УНРВА

Брисел, 6 јуни 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска повика на независна истрага за израелскиот напад врз училиштето на УНРВА во кампот Нусејрат во Газа, во согласност со пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Во објавата на X тој ги повика Хамас и Израел да го прифатат предлогот на САД за прекин на огнот во три фази.

„Извештаите што доаѓаат од Газа покажуваат дека насилството и страдањето продолжуваат да бидат единствената реалност за стотици илјади невини цивили. Трајниот прекин на огнот е единствениот начин да се заштитат цивилите и да се постигне итно ослободување на сите заложници“, наведе Борел. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан