• среда, 24 април 2024

Борел: Изјавата на Смотрич за изградба на уште 3.300 куќи на Западниот Брег е опасна

Борел: Изјавата на Смотрич за изградба на уште 3.300 куќи на Западниот Брег е опасна

Брисел, 24 февруари 2024 (МИА) – Најавата на израелскиот министер Безалел Смотрич дека ќе бидат изградени 3.300 нови единици во дивите населби на Западниот Брег е запалива и опасна, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Населбите ги прават Израелците и Палестинците помалку безбедни, ги поттикнуваат тензиите, ги попречуваат мировните напори и претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Борел на платформата Х.

Израел планира да изгради повеќе од 3.300 нови домови во населбите на окупираниот Западен Брег како одговор на смртоносниот палестински напад, рече Смотрич доцна во четвртокот, откако тројца палестински вооружени напаѓачи отворија оган врз автомобили во близина на населбата Мале Адумим, убивајќи еден Израелец и ранувајќи петмина.

- Сериозниот напад врз Мале Адумим мора да има решителен безбедносен одговор, но и одговор поврзан со населбите, напиша Смотрич на Х.

Тој истакна дека непријателите на Израел знаат дека секоја штета ќе доведе до поголема изградба и развој низ целата земја. Смотрич рече дека во дискусијата учествувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан