• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Брисел, 1 март 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека е „згрозен од веста за уште еден масакр“ на северот на Газа во кој загинаа Палестинци кои чекаа ред за храна.

- Ужаснат сум од веста за уште еден масакр на цивили во Газа кои очајно бараат хуманитарна помош. Овие смртни случаи се целосно неприфатливи, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.

Тој додаде дека лишувањето на луѓето од храна е „сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“.

-Мора да се одобри непречен хуманитарен пристап до Газа, изјави Борел.

Повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 беа повредени кога израелската армија отвори оган врз Палестинците кои чекаа ред за храна, соопшти Хамас.

Од друга страна, израелските власти тврдат дека големиот број жртви е резултат на стампедо, а не на напад на израелската армија.

ИДФ, сепак, призна дека нејзините припадници пукале во некои Палестинци кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан