• вторник, 03 декември 2024

Борел за израелскиот воздушен напад врз училиштето во Газа: Нема оправдување за овие масовни убиства

Борел за израелскиот воздушен напад врз училиштето во Газа: Нема оправдување за овие масовни убиства

Брисел, 10 август 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека е „згрозен“ од израелскиот воздушен напад денеска врз училиште во кое се сместени жители на Појасот Газа, во кој, според палестинските власти, загинале околу 100 луѓе, јави ДПА.

„Последниве недели беа нападнати најмалку 10 училишта. Нема оправдување за овие масовни убиства“, напиша Борел на социјалната платформа X.

„Вознемирени сме од ужасно високиот вкупен број на жртви“, додаде шефот на европската дипломатија, велејќи дека од почетокот на војната во октомври загинале околу 40.000 Палестинци. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан