• среда, 22 јануари 2025

Богдановски е најдобар пожарникар, Бислими најдобар полицаец во Општина Куманово за 2024 година

Богдановски е најдобар пожарникар, Бислими најдобар полицаец во Општина Куманово за 2024 година

Куманово, 23 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием и им врачи награди на најдобрите припадници на СВР Куманово и на противпожарната единица. 

Годинава на предлог на ТППЕ Куманово и на СВР Куманово за најдобар пожарникат е прогласен Никола Богдановски, а Аднан Бислими за најдобар полицаец.

– Во мое лично име и во име на граѓаните им се заблагодарувам за нивниот професионален ангажман. Имавме високо ниво на соработка со полицијата во градот, а дополнително и нашите пожарникари многу ревносно и професионално си ја извршуваа својата работа, рече Димитриевски.

Богдановски информираше дека шест години работи како пожарникар-спасител и изрази благодарност до колегите со кои соработува.

- Оваа 2024 беше предизвикувачка со голем број интервенции и пожари, рече Богдановски.

Бислими има 21 година работен стаж. И тој се заблагодари на поддршката од колегите и претпоставените.

- Многу е важно професионално да се извршува работата, рече Бислими.

Традиционално, најуспешните полицаец и пожарникар за 2024-та добија пригодни подароци од општина Куманово

Општина Куманово постојано вложува во ТППЕ Куманово, надлежните од општината најавија доопремување.

- Годинава ќе го дооформиме доброволното противпожарно друштво. Апелирам младите да се вклучат во волонтерските активности. Имавме можност да ја посетиме Австрија, Тирол и ги видовме нивните искуства и ако ги пренесеме овде ќе добиеме дополнителна логистичко техничка поддршка, сметам дека ќе ги засилиме капацитетите во делот на гасење на пожари на отворено, изјави Димитриевски. ам/цр


Фото- МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан