• вторник, 12 ноември 2024

Богата програма во рамки на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024"

Богата програма во рамки на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024

Велес, 3 октомври 2024 (МИА) - Покрај штандовите со традиционална велешка пита пастрмајлија и македонски вина од винарии од Повардарието во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ што ќе се одржи од 11 до 13 октомври, ќе има и  есенски базар на кој ракотворците ќе можат да ги изложат своите уникатни изработки. Базарот ќе биде лоциран на ул. „Благој Ѓорев“ (кај влезот на гимназијата), информира градоначалникот Марко Колев.

Во сабота, 12 октомври со почеток во 11 часот,  ќе биде преставена  изложбата на стари автомобили олдтајмери, што ја организира здружението „Kings of the streets", а автомобилите ќе бидат поставени на потегот од кружен тек „Авона“ до стоковната куќа „ Бос“.

Во недела, 13 октомври, во организација на „Велес бајкинг" за сите љубители на велосипедизмот ќе се одржи и XI рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2024", која ќе започне во 10 часот од Винарија „Шато Сопот Македонија“.

Градоначалникот Марко Колев  ги повика сите љубители на традиционална  велешка пита пастрмајлија и квалитетни македонски вина да го посетат Велес за време на „Питијадата 2024“ на која како и секоја година ќе има богата музичка програма со многу естрадни ѕвезди од земјава и странство.ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан