• недела, 22 декември 2024

Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната

Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната

Анкара, 18 ноември 2024 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка за Русија.

Турскиот план предвидува создавање демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава Блумберг, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што ќе се согласи да не влезе во НАТО.

- Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап. Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот, пишува Блумберг.

Ердоган наводно има разузнавачки информации дека Украина би можела да изгуби многу повеќе територии во следните неколку месеци доколку борбите не престанат, според добро информирани, неименувани турски извори, кои велат дека турскиот лидер се надева да го убеди Зеленски да учествува на мировни преговори во Истанбул. јт/

Остани поврзан